Autodata база на технички податоци за сервиси

Проблемите на независните сервисни работилници

Еден од најголемите проблеми со кои во секојдневната работа се соочуваат независните, мулти бренд сервисни работилници кај нас е – недостатокот на знаење, информации и квалитетен извор на технички податоци.

Професионалните бази на технички податоци, кои ги поседуваат овластените сервиси во земјата, се најчесто недостапни или многу скапи за малите и средни сервиси, па во таква ситуација секој се снаоѓа, како знае и умее.

А снаоѓањето станува се потешко, ако се земе предвид фактот дека сите производители на возила создаваат се покомплексни автомобили, со многу електроника и напредни системи, а да не ги заборавиме и хибридите и електричните возила.

И во една таква технолошка експлозија, ако ги немате податоците, знаењето и вештините… механичарите и сервисните консултанти, загарантирано ќе губат многу време, нерви и пари.

Овој проблем на фелата, го препознаа луѓето од ГББ дооел Скопје и потпишаа договор со најголемиот провајдер на технички податоци за сервисни работилници во Европа.

Се работи за Британскиот бренд Autodata.

Комплетно решение, одлична функционалност

Аutodata, на своите претплатници им нуди комплетно онлајн решение. Со годишната претплата (зависно од избраниот пакет), сервисните работилници доаѓаат до неопходните податоци.

Добиваат оригинална база на податоци, прибрани од 160 производители на возила и 43.000 модели на возила, кои се прибрани, преработени, систематизирани и поставени во една лесна за користење платформа.

Со тоа добивате решение, како да сте добиле пристап до оригиналната база на податоци на 160 производители на возила, со што дефакто имате покриеност до 99% од целиот возен парк кој се движи по нашите улици.

Замислете колку пари треба да инвестирате за да платите 160…. па дури и да решите да дојдете до само 30-на оригинални датабази од производителите на возила?

Со Autodata тоа го добивате за симболична цена, во една онлајна алатка, со ист (унифициран) изглед за сите брендови и модели.

Лесна за снаоѓање, пребарување, работа… Со минимална потребна обука.

Што се има во базата на Autodata?

Со Autodata, можете да изберете датабаза за моторцикли, патнички и комерцијални возила.

А потоа имате два основни модули :

  • Одржување и
  • Дијагностика и сервис

Во првиот модул – добивате пристап до основните :

  • сервисни информации
  • сервисни интервали (според производителот и моделот, и секако бројот на изминати километри, во датабазата точно ќе видите – што треба да работите на возилото, што да проверите, а што да смените – согласно препораките на производителот на возила)
  • за секоја операција го имате наведено – бројот на работни часови (дефинирани од производителот на возилото што е кај вас на сервис)
  • добивате информации за видот на моторното и маслото за менувач, другите течности, неопходните материјали,
  • добивате и целосен калкулатор со кој за неколку минути на клиентите може да им го пресметате трошокот (цената за сервисирање)

А со претплата на вториот модул добивате и многу :

  • чекор по чекор објаснети сервисни интервенции
  • најчести грешки, проблеми и нивно решавање
  • опис на дијагностички кодови на грешка и како да ги решите

Во базата на Autodata, ќе ги најдете дури и официјалните податоци прибрани од производителите на возила – за евентуални сервисни булетини (повици за поправка, или оповикување на некое возило) како и најчесто утврдените проблеми и недостатоци и како брзо да ги отстраните истите.

Дополнително, добивате и технички цртежи за секој модел, шеми за електричната инсталација, информации за клима уредот, менувачот, суспензијата, начинот на кој најлесно и најбрзо ќе дојдете до одредени компоненти и ќе ги замените или поправите истите.

Вака изгледа комплетно објаснетата, чекор по чекор процедура за поправка. Опис, графици, слики, цртежи…

И тоа… погодувате… на сервисите ќе им заштеди огромно време, енергија и пари (затоа што пократкото време за дијагностицирање и истражување за секој вид возило, значи повеќе време за превземање на друго возило за сервис, повеќе работни налози, сметки и промет).

Пресметките велат дека со заштедата на време со користење на Autodata, со која ви се ослободуваат дигалките и механичарите за нов сервис, вашата годишна инвестиција во софтверот ќе ја вратите за десетина дена.

Поголема професионалност, доверба и задоволство на клиентите

Со податоците од Autodata, вашиот сервис ќе доживее квантен скок и во имиџот и комуникацијата со клиентите.

Ќе им покажете и испринтате на вашите клиенти дека работите со најпознатата датабаза во која се внесени податоци од оригиналните производители на возила.

Системски ќе им направите брза понуда – според бројот на часови пресметани за секоја операција, која автоматски се множи со цената на работниот час која вие претходно сте ја вметнале во системот.

Со чекор-по-чекор објаснетите сервисни процедури ќе се зголеми процентот на сервиси кај кои проблемот ќе го дијагностицирате и решите од “прва”. A тоа значи дека драстично ќе се намали бројот на фрустрирани клиенти кои се вратиле бидејќи не сте им го решиле проблемот.

Нервози, незадоволство, но и нови часови на дијагностика, проверка, сервисирање, експерименти.

Дополнителни предности

Во дополнителни предности од користењето на Аutodata, ќе го споменеме и следното :

  • софтверот е правен за механичари. А правен е од механичари. Тоа значи дека креаторите на дата базата, точно знаат што треба да се прибере, обработи и презентира, и како да им го олеснат животот на своите колеги,
  • базата континуирано се надградува. Годишно се внесуваат околу 40.000 апдејти.
  • 600.000 е бројот на внесени чекор-по-чекор процедури за сервисирање,
  • 360.000 дијаграми за електричната мрежа се внесени во базата,
  • илјадници слики, фотографии од делови, компоненти и системи, ќе ви помогнат секој модел да го познавате како да сте специјализирани во таа марка…

А не смее да се заборави дека доаѓаат и нови технологии, хибриди, електрика, за кои ако не се подготвите, може да ја прегазат вашата работилница како трактор.

Ние навистина немаме дилеми дека е ова одлична алатка, која ќе им заврши многу работа на вашите механичари, а вашата работилница ќе ја издвои и постави на едно ниво погоре на скалата на квалитетот.

Ако сеуште не сте уверени, дека оваа алатка ви треба, луѓето од ГББ во соработка со Аutodata ви нудат и одлична можност – да ја пробате програмата за симболична сума.

По еден месец користење, можете да се откажете (што е малку веројатно) или да ја продолжите својата претплата за следните 11 месеци (годишна претплата).

Повеќе информации и презентациски состанок, можете да добиете на

Тел. 071 30 777 8

info@gbb.mk

Или на страната, на следниот линк.

Видео презентација

Превземено од : www.tempo.mk