- ноември 10, 2022
- Постирано од: admin
- Категорија: Autodata

Aнглиската компанија Autodata, членка на Solera Групацијата, ги израдува корисниците на својата интернет платформа.
Сега, корисниците на Autodata платформата (која важи за најголема база на технички податоци за возила) на англиски и на неколку други светски јазици, ќе може да ги следат и дел од интерактивните и видео материјали (обуки и специјалистички тренинзи) на Autodata Training.
Досега, оваа услуга се налаќаше дополнително, преку специјалната Autodata Training платформа за тренинзи.
Сега, додека ја користите онлајн платформата на Autodata, со кликање на иконката – Tренинзи, одите до платформата Autodata Training, како на сликата подолу, на која веднаш можете да ги следите онлајн тренинзите (видеа и интерактивни материјали) на повеќе теми систематизирани во следните поглавја – електрика, мотор, шасија, погон, системи за асистенција на возачот, HVAC, дијагностика, сервисирање…

Откако ќе ја изберете темата што највеќе ве интересира, се отвара нова страница со повеќе поглавја.
Секое поглавје се состои од неколку модули, кои можете да ги следите онлајн – кога сакате и колку пати сакате (што ја прави идеална за техничките лица, кои се најчесто зафатени во текот на денот, па можат да ги следат курсевите во своето слободно време).
Така на пример, под темата – Мотор, ви се отвараат многу интересни поглавја во кои можете да научите многу работи или едноставно да го освежите вашето знаење, како што се – Основи на Механиката, Основни принципи на системите за ладење, Основи на менаџментот на моторите, Дознајте како функционираат сензорит на моторот, Совладајте ги системите за палење…

Во поглавјето Дијагностика, можете да ги отворите модулите со многу информации на тема – Комплетно познавање на OBD, Дијагнстицирање при грешно палење на моторот, дијагностика на сензори за низок притисок, дијагностика на MAF сензори…,

Особено интересни за нашите експерти се поглавјата за новите електрични и хибридни возила, во кои преку интерактивниот материјал (текст, информации и видеа) можете да ги научите основите за електричните и хибридни возила, за батериите и начинот на полнење, за HEV мханичките системи итн.

За повеќе информации и презентација, Ви стоиме на комплетно располагање.
Те. 071 30 777 8