Autodata влегува во наставниот процес

Врвниот менаџмент на Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски” од Скопје, продолжува со имплементација на иновативни проекти, кои имаат за цел да го унапредат и модернизираат наставниот процес во усмереното средно училиште.

Новина во наставниот процес на АСУЦ Боро Петрушевски

Како последен во низа, потпишан е специјалниот едногодишен договор за соработка со најголемиот светски провајдер на технички податоци од авто индустријата – AUTODATA (дел од Solera Групацијата).

Со тоа, пред учениците се отвара огромната база на технички, сервисни и дијагностички податоци, знаења и вештини, кои со години се прибираат и систематизираат во модерното онлајн решение на AUTODATA Group, компанија основана во Англија во далечната 1972 година.

М-р Горанчо Николовски, директор на АСУЦ Боро Петрушевски

Како Директор на стручно училиште како што е АСУЦ, секогаш сум фокусиран кон изнаоѓање нови можности за унапредување на квалитетот во образованието. Сметам дека поврзувањето на теоријата со практичната настава е клучот за квалитетно образование. Особено сум среќен што во процесот на следење на најновите трендови и технологии, произлезе една соработка која е крунисана со договор со фирмата ГББ дооел Скопје, партнер на AUTODATA за Македонија.” – изјави м-р  Горанчо  Николовски, директор на средното училиште.

За мене е многу важно нашите ученици да бидат квалификувани и по завршувањето на средното образование да бидат навистина конкурентни на пазарот на трудот. Тоа е возможно само доколку им обезбедите на учениците да учат и следат најнови и модерни технологии.  AUTODATA како  софтверска алатка која нуди можности за ефикасно и квалитетно сервисирање на најмодерните возила на пазарот во Европа, нуди можности за учениците, но во истовреме е од огромно значење за нашиот Центар кој секогаш се труди да ги следи Европските трендови.

Модерна компјутерска лабораторија, во која учениците ќе ја користат датабазата на Autodata, како дел од теоретската настава во АСУЦ Боро Петрушевски

Би сакал да ја изразам мојата огромна благодарност до генералниот директор на ГББ дооел Скопје, Зоран Дочински и неговиот професионален тим кои го препознаа АСУЦ како Центар достоен да ги промовира најновите софтверски технологии од областаа на автомобилизмот и воедно да станеме партнери во процесот на модернизирање и подигнување на нивото на професионалност во државата. ”                  

М-р Николовски : Сметам дека поврзувањето на теоријата со практичната настава е клучот за квалитетно образование.

Што е Аutodata?

AUTODATA претставува онлајн алатка, која нуди разбирливи податоци за сервисирањето на возила, процесите на одржување, процедурите за дијагностика и поправка на најсложените дефекти кај модерните возила.

Податоците во базата на Autodata се лиценцирани од 160 производители на возила и покриваат 43.000 модели, што е околу 99% од целиот пазар на автомобили во Европа.

Во системот можат да се најдат технички податоци за возилата, детално објаснети процеси на редовно одржување (согласно сервисните интервали дефинирани од производителите на возила), илјадници мрежни шеми и дијаграми, постапки за дијагностика и поправка, но и сервисни булетини (информации за воочени дефекти кај одредени модели и “чекор-по-чекор” постапки за отстранување на истите) кои ги објавуваат прозводителите на возила.

Од тие причини, AUTODATA е еден од најчесто употребуваните софтверски пакети за секој независен сервис во Европа и светот.

Преку 30 профили, доделени на наставниците во АСУЦ Боро Петрушевски, софтверот ќе може да го користат учениците во секојдневната теоретска и практична настава, што ќе ги подготви за независна и професионална работа во нивната понатамошна кариера.

Тимот на професионалци и професори, кои своите знаења и вештини секојдневно ги споделуваат со учениците на АСУЦ Боро Петрушевски

“Огромна чест и задоволство ни претставува фактот, што најпрофесионалната онлајн алатка на светот “AUTODATA”, влегува во наставниот процес на АСУЦ Боро Петрушевски.  изјави м-р Зоран Дочински, генерален директор на фирмата ГББ дооел Скопје, партнер на AUTODATA за Македонија.

М-р Зоран Дочински, директор на фирмата ГББ дооел Скопје, партнер на Autodata во Македонија

“АUTODATA е неизоставен софтверски пакет, кој секојдневно го користат илјадници независни сервиси во светот. А сега, ќе го користат и од него црпат вештини и знаења и нашите ученици, идни професионалци и сервисери.

Со оваа интернет алатка, независните сервиси, на едно место, во една датабаза, можат да ги добијат сите податоци, знаења и вештини неопходни за одржување и сервисирање на модерните моторцикли, патнички и комерцијални возила. Особено е значајно да се потенцира, дека AUTODATA ги покрива и најновите возила и модели, вклучувајќи ги и модерните хибридни, плаг-ин и целосно електрични автомобили, а базата се обновува речиси секој ден.

Autodata – Систематизирано, прегледно, лесно разбирливо онлајн решение за независните сервиси.

Особено не радува фактот, што интересот за AUTODATA кај нашите сервисери секојдневно расте, а расте и бројот на претплатници кои го препознаваат значењето и функционоалноста на оваа алатка, која им помага во секојдневното работење, им штеди време, енергија и пари, а влијае и на подобрување на нвниот имиџ и професионалност.

Логично, овој проект, кој го реализираме заедно со професионалците од АСУЦ Боро Петрушевски, очекуваме да го популаризира користењето на софтверскиот пакет, а на долг рок, позитивно да влијае и на безбедноста во сообраќајот.” – заврши Дочински.

Соработката помеѓу АСУЦ Боро Петрушевски и Autodata, доаѓа со поддршка од Проектот Образование за вработување  во Северна Македонија – Е4Е.