Автомотив дивизија

“Опрема, технологија, софтвер, тренинзи... Комплетни решенија за вашиот сервис ”
canstockphoto50336779
ГББ дооел Скопје
Автомотив дивизија

0

странски партнери

0

софтверски решенија

0

производи

0

сервисни решенија

Дел од услугите на автомотив дивизијата

Сервисна опрема

Автомотив дивизијата на ГББ на сервисите во земјата им нуди дијагностички инструменти, дигалки, вулканизерска опрема, специјален алат…

Тренинзи

Специјалистички тренинзи online и во живо, со најдобрите автомотив платформи и домашни и странски експерти.

Tec Doc

Најдобрата интернет алатка – онајн каталог за резервни делови за сите авто експерти. Пребарување на оригиналните каталошки броеви.

Барај автоексперти

Во нашиот online директориум на следниот линк, избравме авто експерти – сервиси, вулканизери, станици за т.преглед…

Рачен алат

Најдобриот рачен и пневматски алат, сетови на алати, колички и апарати за специјална намена за секоја сервисна работилница.

Маркетинг услуги

Комплетно водење на маркетингот (веб страна, социјални мрежи, интернет комуникација, дизајн и печатени материјали) за авто компании.


Опрема и алати за сервис

ГББ Автомотив има воспоставена соработка со најголемите европски производители на сервисна опрема (дијагностички инструменти, дигалки, демонтерки, балансерки, линии за подесување геометрија на тркалата, линии за технички преглед, рачен, пневматски и специјален алат…за патнички возила, товарни возила, камиони и автобуси)

Одлични решенија од премиум прозводители во Италија, Германија и Англија за идеална функционалност на Вашиот сервис. 

Брендови и партнери од странство

Италијански производител на опрема – станици за полнење на клима уреди, станици за сервисирање на автоматски менувачи (менување на ATF), машини за декарбонизација, чистење на инјектори…

Tec Doc е најдобриот и најкористениот онлајн каталог за резервни делови на светот. Го користат огромен број на сервисни работилници, продавници за резервни делови и авто експерти. Онлајн решение, секогаш апдејтирано, со најнови информации за оригиналните каталошки броеви со скици, информации и шеми.

Најголемиот производител на автомобилски системи и технологија од Германија. На своите клиенти им нуди дијагностички инструменти од семејството KTS со софтверска поддршка за сите видови и марки на возила. Повеќе на следниот линк. Или, пак, опремете го вашиот сервис со премиум опремата за сервисирање на клима уреди.

Во понудата на Wabco Wurth можете да го најдете дијагностичкиот уред за товарни возила, камиони и автобуси W.Easy со целосна софтверска поддршка и редовни апдејти на базите на податоци. Покрај универзалната мулти бренд дијагностика,  може да се изберат и специјални конектори за треилери, како и сотверски оригинални податоци за дијагностика на системите – Wabco, Haldex. Повеќе за уредот на Wabco Wurth на следниот линк.

Една од најголемите Италијански компании, производители на сервисна опрема. Во палетата може да се најдат – разновидни дигалки за моторцикли, патнички, товарни возила и камиони, опрема за вулканизерски сервиси (демонтерки и балансерки на гуми, опрема за подесување геометрија на тркалата), опрема за извлекување на каросерија во лимарски сервиси, кранови, преси… Линии за технички преглед. Повеќе информации на следниот линк.

Италијански производител на премиум уреди за тестирање и полнење на клима уреди на возила. Уреди за дијагностика и полнење на ATF масло во автоматски менувачи. Машини за декарбонизација, опрема за дијагностика и чистење инјектори. Рачен алат, колички за алат, разновидна опрема. Широка палета, одличен квалитет и услови. Повеќе на следниот линк.

USAG е еден од најпознатите Италијански производители на рачен и пневматски алат. Премиум квалитет – идеално решение за Вашиот сервис. Повеќе на следниот линк.

Marco Tools е Италијански бренд (во сопственост на SPIN) со одлична селекција на рачен алат за сервисни работилници. Одличен баланс помеѓу квалитетот и цената. Повеќе на линкот.

Lektrico е една од најпознатите компании во Европската Унија, која произведува полначи за автомобили на електрична енергија. Одлични решенија за домашна употреба и употреба во трговски центри, бензински пумпи, хотели, ресторани, компании со флота на електрични возила. Повеќе информации на линкот.


Auto Experts - специјализирана мрежа

За безбедни патувања на возачите. За подобри резултати на нашите партнери од авто индустријата…

Создадовме – внимателно селектирана мрежа на Авто експерти (сервиси, салони, станици за технички преглед, продавници за резервни делови и опрема, продажни центри за користени возила…) На нашиот интернет пребарувач : mreza.autoexperts.mk можете брзо, лесно и практично да ги пребарате и изберете вашите идни партнери за целосна поддршка на возилото.

Со нашите клуб картички, големи заштеди и поволности во мрежата и надвор од неа.

Повеќе на : www.autoexperts.mk


Autoexperts.mk - специјализиран веб портал

ГББ е идеен творец на Autoexperts.mk , специјализирана веб страна за автомобилистички експерти во нашата земја.

На нашата страна ќе ги најдете – најновите вести, информации, анализи, тестови и видео клипови од светот на авто бизнисот.

Autoexperts.mk е креиран и развиван за нашите партнери од авто индустријата, авто експертите, и на него може да ги добијат најновите информации од областа на – сервисот, резервните делови и опрема, технологијата, софтверот, најновите вести, промоции, идеи и совети.

Одлично место и за нашите експерти, добавувачи на делови, опрема, сервисни технологии да ги презентираат своите вести, производи и промоции.

Нашиот нов Магазин за автомобилност на следниот линк.


Контактирајте не за повеќе информации, состанок или понуда