BOSCH KTS – Дијагностички уреди

bosch_vernetzte_werkstatt_keyvisual_fullhd_1920x1080px_img_w1280

BOSCH KTS – Дијагностички уреди

Во автомобилската индустрија секојдневно се појавуваат нови автомобили и модели, кои имаат комплексни системи и резервни делови. Од тие причини, сервисните работилници кои сакаат да ги одржуваат и сервисираат возилата, немаат избор.  Потребен им е пристап до нови знаења, вештини, алатки и инструменти.

ECU уредите за дијагностика и софтверот  ESI[tronic] на BOSCH се најдоброто решение за новите мултибренд сервисни работилници. Уредите на BOSCH сеуште претставуваат синоним за најквалитетната дијагностичка опрема и софтвер на Европскиот и светски автомобилски пазар.

BOSCH KTS – најдобрите уреди за универзална дијагностика на патнички и комерцијални возила. Спарени со софтверското решение ESI [Tronic] дијагностичките инструменти на BOSCH се сеуште најдоброто парче опрема за секој мулти бренд сервис.

BOSCH KTS 560

KTS 560 на BOSCH – е одличен универзален тестер кој ќе ја подобри вашата дијагностичка ефикасност во вашиот професионален сервис.

Дијагностика за универзална употреба со манометар, за сите брендови и модели на возила

KTS 560 дијагностичкиот модул ќе ја подобри точноста на дијагностиката во вашиот сервис, со што директно ќе ги забрза вашите операции и работа. А брзото и точно дијагностицирање на дефектите, ќе ви овозможи и побрза поправка, решавање на проблемите “од прва” и ќе ви донесе многу задоволни клиенти.

Модулот е напреден, со PassThru интерфејс што ќе ви овозможи лесно репрограмирање на фабричкиот софтвер на возилото, ќе ви даде можност да вршите паралелна дијагностика. Модулот може да комуницира со три CAN и K-Line интерфејси симултано – што значи побрз и попродуктивен резултат.

BOSCH KTS 590

KTS 590 на BOSCH – е одличен универзален тестер , најнапреден уред на пазарот кој сериозно ќе је унапреди вашата работа.

Дијагностика за универзална употреба, со манометар и осцилоскоп за сите марки и модели на автомобили

KTS 590 комуникацискиот модул гарантира напредна ECU дијагностика за  Ethernet-базирани (DoIP – Diagnostics over Internet Protocol) интерфејси во возилата кои сериозно ќе го унапредат вашето работење.

Со пристап до најновите технологии на мерење, техничарите можат ефикасно да ги тестираат и мерат сите сензори и сигнали, и брзо и ефикасно да ја проценат волтажата, отпорот и протокот. Ова е најнапредниот уред на пазарот, поради што може да се гарантира негова долгорочна употреба.

BOSCH KTS 250

KTS 250 на BOSCH – е одличен универзален тестер , лесен за работа во сервисот но и надвор од него (како мобилен тестер).

Дијагностика за универзална употреба

KTS 250 на Bosch е врвен ECU мултифункционален тестер со сите неопходни алатки за дијагностика во сервисот и надвор од него (во движење). Може да се направи функционален за неколку секунди, и е лесен за употреба со модерен, едноставен и интуитивен кориснички интерфејс.

Опремен е со ESI[tronic] вклучувајќи ја врвната покриеност на мовеќе од 150 брендови на возила, како и  со најдобрата Bosch VIN датабаза, автоматска VIN идентификација и автоматски онлајн апдејти. Со тоа KTS 250 им гарантира на сервисите дека се апдејтирани и спремни за дијагностика на возила.

BOSCH KTS Тruck

KTS Тruck на BOSCH – е одличен универзален тестер , лесен за работа на товарни возила, камиони и автобуси.

Дијагностика за универзална употреба

KTS Truck е модуларен уред за дијагностика, како основно решение за сервиси за комерцијални возила. Со брза конекција до било кој лап топ или компјутер во сервисот, овој уред ќе ви помогне да ги одржувате и сервисирате најголемиот број на Европски комерцијални, лесни комерцијални возила, треилери и автобуси.

Уредот се спарува со ESI[tronic] 2.0 Truck софтвер (кој се купува дополнително) и ќе ги води техничарите низ ефиккасно поправање без оглед на производителот и моделот на возилото, со што ќе можете вашите клиенти лесно и брзо да ги вратите во движење.

ESI [Tronic] - Софтвер за уредите на BOSCH

  • Со големо покривање, ESI[tronic] 2.0 Online дијагностичкиот софтвер овозможува брза, ефикасна и ефективна интервенција на одржување, сервис и поправки. Благодарение на модуларните пакетни опции, сервисот може да го шири својот софтверски обем – со дополнителни опции – согласно потребата.
  • Софтверот дава пристап до податоци за возила од повеќе од 150 бренда, како што се сервисните интервали, дијаграми, дијагностики, поправки и водичи за сервисирање, прирачници и Информации за Поправка споре Искуство Experience-Based Repair Information (EBR). Дијагностичкиот софтвер  ESI[tronic] 2.0 Online се спојува со дијагностичкиот уред на  Bosch од сериите  KTS заедно со една од сериите на Bosch DCU.
  • ESI[tronic] 2.0 е лесен за употреба дијагностички софтвер и одлично софтверско решение за сите видови на комерцијални возила. Сервисите може да изберат еден од трите пакети и да ги комбинираат согласно потребата : Truck Package (за лесни и тешки комерцијални возила, треилери, транспортери, автобуси) , Пакет за Земјоделска механизација  (OHW 1) и Пакет за Градежна механизација и Мотори  (OHW 2).
  • Дијагностичкиот софтвер  ESI[tronic] 2.0 се карактеризира со интуитивна операција – за ефикасно работење. Благодарение на редовните софтверски апдејти, сервисите може да останат апдејтирани и со можност да понудат професионална услуга.
  • Дијагностичкиот софтвер ESI[tronic] 2.0 за комерцијални возила се користи заедно со  KTS Truck дијагностичкиот алат во комбинација со компјутер и лаптот или  DCU од  Bosch.

GBB Скопје, партнер на BOSCH Equipment за Македонија

GBB Скопје – е овластен партнер на BOSCH за сервисната и дијагностичка опрема во Македонија.

Како можеме да ви помогнеме?

Побарајте не на нашите телефонски броеви или пратете ни e-mail

Потребни ви се повеќе информации?