- јуни 23, 2022
- Постирано од: admin
- BOSCH, Дијагностика, Сервисна опрема

Во интервјуата со дел од нашите партнери – независни сервисери, заклучивме дека на дел од нив им пречи годишната претплата за софтверскиот пакет ESI Tronic, неопходна за нормално функционирање на дијагностичкиот уред.
Како резултат на тоа, скроивме уште еден пакет, со еднократно плаќање на надоместокот за софтверот ESI Tronic.
Со овој пакет, го добивате најдобриот скенер на пазарот – интерфејсот KTS 560 (со својата стандардна опрема) и софтверскиот пакет ESI Tronic OTP,
Уредот KTS 560 чини 2.150 евра + ддв, а софтверот само 550 евра + ддв!

На тој начин го добивате уредот со неограничена софтверска поддршка – која во себе содржи можности за скенирање, читање и бришење на грешки, адаптации и одредени специјални функции.
Но – уредот никогаш нема да ви се заклучи и да ви бара апдејти (кои секако чинат пари).
Овој пакет од 2.700 евра + ддв, можете да го набавите на лизинг (како фирма) преку домашната финансиска институција – Шпаркасе Лизинг, или на потрошувачки кредит преку Силк Роад Банка (без учество и со 0% камата)!
Супер Лизинг – Опрема за сите
Со пресметката во Шпаркасе Лизинг, уредот може да го добиете со
Учество 20% (од нето вредноста) или 33,77% од бруто вредноста (со ддв).
Поточно – со учество на стартот од 1.076 евра, и со месечна рата од само 68 евра!
Супер Кредит – Опрема за сите
Со потрошувачкиот кредит на Силк Роад Банка, ако уредот го земете на 36 месечни рати (без учество), месечната рата ќе ви изнесува скромни – 88 евра!
За повеќе информации, побарајте не на тел. 071 30 777 8