BOSCH – Сервисна опрема

esi_res_1280x720

BOSCH – Сервисна опрема

ГББ дооел Скопје, во 2022 година го потпиша договорот со BOSCH и стана официјален дилер на сервисната опрема од палетата на Германскиот премиум бренд за Македонија.

Во палетата на BOSCH можете да ги најдете најдобрите ECU уреди и софтвер на пазарот за дијагностика на патнички, комерцијални возила, камиони и автобуси. А тука се и сервисните станици за сервисирање на Клима уреди за патнички и товарни возила.

BOSCH KTS – најдобрите уреди за универзална дијагностика на патнички и комерцијални возила. Спарени со софтверското решение ESI [Tronic] дијагностичките инструменти на BOSCH се сеуште најдоброто парче опрема за секој мулти бренд сервис.

BOSCH ЕCU Дијагностика

Во палетата на дијагностички уреди на BOSCH – можете да изберете еден од уредите – KTS 250, KTS 560 и KTS 590.

Повеќе на следниот линк.

Софтверски пакети за дијагностика

Дијагносстичките уреди за ECU единиците, во BOSCH се идеално спарени со софтверските онлајн пакети ESI-Tronic, кои имаат модуларна структура и може да се надоградуваат (согласно потребите на вашиот сервис).

Поврзувајќи го интерфејсот со вашиот компјутер и интернет, можете да добиете врвна дијагностика со огромна покриеност на возниот парк (читање и бришење грешки, надоградувања, калибрации…) но во поголемите софтверски пакети добивате и комплетна датабаза на технички податоци – информации за возилата, дијагностичките кодови, графици, шеми, мрежни дијаграми, инструкции како да го поправите возилото и слично…

BOSCH KTS Тruck

KTS Тruck на BOSCH – е одличен универзален тестер , лесен за работа на товарни возила, камиони и автобуси.

Повеќе на следниот линк.

Дијагностика за универзална употреба

KTS Truck е модуларен уред за дијагностика, како основно решение за сервиси за комерцијални возила. Со брза конекција до било кој лап топ или компјутер во сервисот, овој уред ќе ви помогне да ги одржувате и сервисирате најголемиот број на Европски комерцијални, лесни комерцијални возила, треилери и автобуси.

Уредот се спарува со ESI[tronic] 2.0 Truck софтвер (кој се купува дополнително) и ќе ги води техничарите низ ефиккасно поправање без оглед на производителот и моделот на возилото, со што ќе можете вашите клиенти лесно и брзо да ги вратите во движење.

Уреди за сервисирање клими

Најдобрите Германски уреди за сервисирање на клима уреди за возила.

Повеќе на следниот линк.

Модерни, ефикасни, лесни за ракување

BOSCH располага со одлични уреди за дијагностика и сервис на клима уреди за патнички, комерцијални возила, камиони, автобуси и градежна механизација. Уредите се идеално балансирана комбинација на цената и квалитетот.

Од основните модели до врвната машина на BOSCH, уредите за сервис на клима уреди се одлична алатка и извор на приход во вашиот сервис.

Без оглед дали се работи за уредите кои работат со стариот фреон R134a, или возилата опремени со уреди кои се полнат со новиот – R1234yf, уредите на BOSCH се синоним за квалитет во вашата работилница.

Обуки и тренинзи

Во соработка со експертите од BOSCH и локалните партнери, подготвуваме портфолио на обуки и тренинзи кои ќе бдат понудени на нашиот пазар.

Професионални теоретски и практични тренинзи

Заедно со нашите партнери (сервисни работилници на пазарот во Македонија) идентификувавме неколку полиња на кои ќе организираме професионални тренинзи и специјаистички обуки во Македонија.

Без оглед на тоа дали во тренинзите ќе се обработува – работата со дијагностичките уреди, системите за сопирачки, комон раил системите, хибридните или електричните возила… со помош на експертите од BOSCH ќе се обидеме да им ги приближиме на нашите авто експерти, најновите знаења и вештини од областа на сервисирањето.

 

 

ESI [Tronic] - Софтвер за уредите на BOSCH

  • Со големо покривање, ESI[tronic] 2.0 Online дијагностичкиот софтвер овозможува брза, ефикасна и ефективна интервенција на одржување, сервис и поправки. Благодарение на модуларните пакетни опции, сервисот може да го шири својот софтверски обем – со дополнителни опции – согласно потребата.
  • Софтверот дава пристап до податоци за возила од повеќе од 150 бренда, како што се сервисните интервали, дијаграми, дијагностики, поправки и водичи за сервисирање, прирачници и Информации за Поправка споре Искуство Experience-Based Repair Information (EBR). Дијагностичкиот софтвер  ESI[tronic] 2.0 Online се спојува со дијагностичкиот уред на  Bosch од сериите  KTS заедно со една од сериите на Bosch DCU.
  • ESI[tronic] 2.0 е лесен за употреба дијагностички софтвер и одлично софтверско решение за сите видови на комерцијални возила. Сервисите може да изберат еден од трите пакети и да ги комбинираат согласно потребата : Truck Package (за лесни и тешки комерцијални возила, треилери, транспортери, автобуси) , Пакет за Земјоделска механизација  (OHW 1) и Пакет за Градежна механизација и Мотори  (OHW 2).
  • Дијагностичкиот софтвер  ESI[tronic] 2.0 се карактеризира со интуитивна операција – за ефикасно работење. Благодарение на редовните софтверски апдејти, сервисите може да останат апдејтирани и со можност да понудат професионална услуга.
  • Дијагностичкиот софтвер ESI[tronic] 2.0 за комерцијални возила се користи заедно со  KTS Truck дијагностичкиот алат во комбинација со компјутер и лаптот или  DCU од  Bosch.

GBB Скопје, партнер на BOSCH Equipment за Македонија

GBB Скопје – е овластен партнер на BOSCH за сервисната и дијагностичка опрема во Македонија.

Ви требаат повеќе информации? Јавете ни се