Како да обезбедите врвна услуга за вашите клиенти? – со Лиса Форд

- март 20, 2023
- 9:00 am to 5:00 pm
- Double Tree by Hilton, Скопје
- 071 30 777 8
Специјалната лиценцирана програма, е креирана во соработка со г-ѓа Лиса Форд. Eден од најзначајните светски консултанти, експерти и предавачи, со 20 годишно искуство во работата со многу компании и владини институции.
Специјалност на г-ѓа Форд е токму работата на тема – Врвна услуга за клиентите со која ќе ги зголемите стапката на ретенција на клиентите и вашиот профит.
Заедно со г-ѓа Форд, дизајниравме посебна тренинг програма, составена од 8 модули (во кои ги следите видео материјалите на Lisa Ford), со времетраење по еден час во која ќе се запознаете со основите на Врвната услуга и начините како да ја изградите и поставите како култура во вашата организација. Програмата е модерирана од наш лиценциран инструктор.
Добрата услуга веќе не е доволна. Бидете врвни. Воодушевете ги вашите клиенти
Сте се запрашале ли некогаш како може цела организација да се вклучи во процесот, и да јаде, сонува, дише и живее за услугата која се дава на клиентите особено во време кога културниот настап, дополнителниот напор и емпатијата се во недостаток во светот? Дали сте се запрашале како компаниите доаѓаат до идеи кои ги претвараат нивните клиенти во (неплатени!) амбасадори за нивните производи?
Лиса Форд, врвниот експерт за услуга за клиентите и нашите модератори, ќе ви помогнат да ги восхитите вашите клиенти, надминете нивните очекувања и да изградите максимална лојалност. На тренингот ќе можете да ги следите видео советите на Лиса Форд во нејзината работа и презентациите одржувани во најголемите компании во Соединетите Американски Држави. Ќе добиете огромен бенефит од искуството од прва рака на Лиса Форд, која ќе ви помогне да разберете што функционира а што не во денешната сервисна арена.
Мудроста и советите на Лиса Форд им помогнале на многу светски компании да обезбедат драматично подобрување на квалитетот на услугата. Сега, таа можност ја имате и вие преку лиценцираната тренинг програма – How to Give Exceptional Customer Service.
Ова ќе им овозможи и на вашите работници да се инволвираат во својата работа наместо да се чувствуваат како да се заменети од страна на технологијата.
Повеќе на следниот линк.