- јуни 9, 2022
- Постирано од: admin
- Категорија: Autodata

Како резултат на вредната, посветена и чесна работа, GBB Group, доби овластување од Британскиот џин AUTODATA (дел од Групацијата Solera) да оперира и да ги продава Autodata лиценците и на пазарот во Република Србија.

АUTODATA е онлајн база на податоци во која, зависно од модулот што ќе го изберете, можете да најдете :
- технички податоци за 95% од возилата на пазарот,
- графици, слики и шеми
- сервисни интервали
- податоци за видовите на моторно масло, течности, гуми
- калкулатор за лесно и брзо изготвување понуда за сервис
- познати билтени (воочени грешки и сервисни проблеми) добиени директно од производителите на возила во светот
- објаснувања за дијагностичките кодови
- совети како да се изврши поправката (чекор по чекор)…
Добивањето пристап до базата е моментно, по склучување на договорот, со добивање на username и password од Британските партнери.
Кај AUTODATA повеќе немате потреба од инсталирање на цд- иња кои ќе ја зафатат меморијата на вашиот компјутер, а бидејќи базата е онлајн, апдејтите се прават автоматски – речиси секој ден.
Во GBB Group, своето покривање на пазарот во Србија ќе го започнат од нашата земја, но се планира и отворање на работна канцеларија кај нашиот северен сосед.