
HaynesPro
HaynesPro е најдобрата софтверска алатка за независните сервисни работилници, во која можете да најдете милиони технички податоци и информации за најголемиот дел на возила на европскиот и светски пазар.
HaynesPro има огромно искуство (историја од 25 години) и поседува неколку врвни апликации со кои директно им помага на компаниите од автомобилскиот афтермаркет (сервиси, продавници за делови и компоненти, авто експерти)
Во онлајн апликацијата на HaynesPro, која секојдневно се апдејтира и ги содржи најновите инфоромации, можете да најдете технички информации, сервисни планови, информации за работното време, цртежи, упатства и прирачници за многу операции, електрични шеми… А со специјалниот “мудар” модул (VESA) со едноставно внесување на кодот на грешка, можете да добиете информации но и упатства за проблемот во возилото и начинот на кој можете истиот да го решите.
На тој начин со Haynes Pro Workshop Data ќе заштедите многу време и пари, но и ќе го зголемите задоволството на клиентите бидејќи брзо ќе го утврдите проблемот и ќе го отстраните истиот – од прва!
ГББ дооел Скопје – е официјален дистрибутер на HaynesPro во Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора.
Со најнови информации

Податоци од производителите
Со софтверските решенија на HaynesPro независните сервисери и сервисни работилници добиваат пристап до податоци, кои се неопходни во процесот на одржување и сервисирање на патнички возила, лесни комерцијални возила и камиони.
Со лиценцата добивате илјадници технички информации, цртежи, прирачници, технички билтени, податоци од отповикувањата на возилата (recall-ови).
Притоа податоците се прибираат директно од производителите на возилата, поради што се точни, прецизни, секогаш апдејтирани и систематизирани во едно софтверско решение кое е онлајн.
За користење на софтверот неопходен ви е компјутер (или таблет), интернет и активен профил (username и password) обезбедени во ГББ.
Haynes Pro е одлично решение кое може да се користи и во продажбата и дистрибуцијата на резервните делови.
Прегледно и лесно за користење

Онлајн решение
Со претплата на HaynesPro – добивате линк, корисничко име (username) и лозинка (password) со кои директно се логирате на веб решението.
Софтверот е секогаш свеж, апдејтиран и наполнет со најнови информации – за најновите возила на пазарот.
Корисничкиот профил останува на важност – 12 месеци од денот на регистрација.
HaynesPro може да се набави во три софтверски пакети :
-
HaynesPro WorkshopData™ Tech
-
HaynesPro WorkshopData™ Electronics
-
HaynesPro WorkshopData™ Smart
Во соработка со колегите од HaynesPro креиравме и специјално решение за нашиот пазар со вклучени повеќе модули за комплетна и прецизна работа.
Вашиот Tec Doc каталог можете да го користите на англиски или српски јазик…
Фрлете ги старите пиратски цд-а, деинсталирајте го пиратскиот софтвер од хард дискот на вашиот компјутер. Се што ви треба е онлајн браусер и интернет.
Со вашите username и password, имате пристап до сите најнови информации за моторни возила на пазарот.
Видео
Порачај претплата на Tec Doc
ден 54,790.00 ден 35,560.00
Најдобриот и најпрегледен софтвер (онлај апликација) за независни сервисери. Со технички податоци, цртежи, мрежни дијаграми, водена дијагностика…
Најдоброто онлајн софтверско решение за независните сервисни работилници, сега и во специјално скроен пакет за нашиот регион.
Со вклучени софтверски пакети:
HaynesPro WorkshopData™ Tech
Клучниот модул на WorkshopData апликацијата. Овој модул вклучува екстензивна идентификација, информации за поправки и одржување, се на ваше располагање.
Вклучува:
- Идентификациски податови
- Одржување
- Податоци за прилагодување
- Масла и течности
- Прирачници за поправка
- Отповикувања
- Времиња на поправка
- Технички цртежи.
HaynesPro WorkshopData™ Electronics
Им помага на техничарите да ги идентификуваат, лоцираат и решат грешките на електричниот систем и компоненти користејќи интелигентни апликации на податоци како нашиот Vehicle Electronics Smart Assistant (VESA™).
Вклучува :
- VESA™ (Водена дијагностика)
- Прегледни Мрежни фијаграми
- Осигурачи и релиња
Напомена – цената е со ддв