- јануари 23, 2023
- Постирано од: admin
- Категорија: Тренинг центар

Закажан е терминот за вториот семинар на сопственикот и менаџер на D.R.Gilbert Group од Србија, a истиот ќе се одржи на 08.02.2023 година во Скопје.
Темата на новиот отворен еднодневен семинар гласи – Како да станете / останете ефикасен менаџер,
агенда на семинарот :
Moдул 1 – Менаџмент – Предизвици, замки и исправна перцепција
Запознавање со агендата и целите на обуката
Светот се менува, а што е со менаџментот?
Еволуција на извршителот од менаџер – во лидер
Пет основни функции на менаџментот
4 нивоа на менаџмент
Модул 2 – Како ефикасно да го развивате и водите тимот
Како да ги препознаете различните профили на соработници и да знаете што ги движи
Како ефикасно да работите на нивниот развој
Практични техники за успешно водење на луѓето
Менаџерски замки и како да ги избегнете
Mодул 3 – Клучни менаџерски алатки за ефикасно водење на тимот
Вештина на водење состаноци како важна менаџерска алатка
Како да одржите продуктивен состанок со тимот
Делегирање – клучна алатка на менаџерот за зголемување на ефикасноста
Техники на успешно делегирање
Mодул 4 – Ефикасен менaџмент што креира практични резултати и ја зголемува профитабилноста
Менаџерот е личност која мора да носи многу одлуки – вештини за носење одлуки
Како да донесете правилна одлука и да управувате со неа
Како ефикасно да го мотивирате тимот со неформални одлуки
Котизацијата за присуство на семинарот изнесува – 8.000 ден + ддв, а во цената е вклучена целодневната обука, пишаниот материјал кој ќе им биде поделен на кандидатите и сертификат за присуство од D.R. Gilbert Group, како и двете кафе паузи и ручек.
Драгиша Ристовски е еден од најактивните бизнис тренери во регионот, а меѓу другото, тој е и автор на повеќе од 20 авторски книги на различни бизнис теми.
Повеќе информации и резервација на место на :
тел. 070 35 88 06, 071 30 777 8
е-mail : info@gbb.mk