Машини за сервис на клима уреди од BOSCH

acs_863_scene_ii_90835_res_1600x900

Машини за сервис на клима уреди од BOSCH

BOSCH располага со одлични уреди за дијагностика и сервис на клима уреди за патнички, комерцијални возила, камиони, автобуси и градежна механизација. Уредите се идеално балансирана комбинација на цената и квалитетот.

Од основните модели до врвната машина на BOSCH, уредите за сервис на клима уреди се одлична алатка и извор на приход во вашиот сервис.

Изберете еден (или два) уреди за сервисирање на клима уреди (зависно од видот на возила кои го посетуваат вашиот сервис) од палетата на BOSCH. И понудете нова услуга за постари но и за најнови модели на европскиот и светски пазар.

BOSCH ACS 553

KTS ACS 553 на BOSCH – е одличен универзален уред за сервисирање на возила со фреон – R134a. За патнички, товарни возила, хибриди и електрични возила.

Уред за сервис на клима уреди со фреон - R134a, за универзална употреба во вашиот сервис.

Машината за сервис на клима уреди ACS 553 е наменета за автомобили со  R134a и прецизно и со леснотија ги врши работите на – извлекување, рециклирање и додавање на фреон.

ACS 553 е проектиран и разработен специјално како еден од уредите на BOSCH со најатрактивна цена. Тој е автоматски и лесен за поддршка, штеди време и ја зголемува ефективноста на сервисот.

Можете да изберете и варијанта на ACS 553 со принтер, а другите дополнителни опции се сет за миење и комплет за Wi-Fi конекција.

BOSCH ACS 663

АCS 663 на BOSCH – e новиот стандард кај машините за сервисирање на клима уреди. За системи со фреон R1234yf. Наполно автоматски, за патнички, товарни возила, хибриди и електрични возила.

Врвен уред за сервисирање на клима уреди кои користат фреон R1234yf

Машината за сервисирање на клима уреди ACS 663 одговаря на строгите технички европски норми и дава возможност за ефективно сервисирање на клима уредите кај патнички и автомобили.

Конструкцијата на станицата, е проектирана за лесна поддршка, гарантира брз и ефективен пристап до сите внатрешни компоненти и штеди време. А сервисирањето е многу побрзо.

Со двете шишенца за вбризгување на масла PAG и POE и автоматската функција за чистење на станицата, таа целосно одговара и на хибридите и електромобилите.

BOSCH ACS 763

ACS 763 на BOSCH – е одличен уред за сервисирање на клима уреди. Поседува и идентификатор на ладилната течност и резервоар со капацитет од 22 литри.

Уред за сервисирање на клима уреди со фреон R1234yf

Наполно автоматска станица за сервисирање на клима уреди, ACS 763 е најдобрата во класата на машини за оддршка на клима уреди со фреон R1234yf.

Ги запазува сите барања за сервисирање на комерцијални возила, камиони и хибридни A/C системи, одговаря на спецификациите на германските производители на автомобили, на SAE и европските стандарди.

BOSCH ACS 810

ACS 810 на BOSCH – е одличен уред за сервисирање на клима уреди за камиони и автобуси. Целосно автоматски, особено комфорен за работа на камиони и автобуси со фреон  R134a

Дијагностика за универзална употреба

ACS 810 е специјално проектиран за поддршка на клима уреди на автобуси и камиони со фреон R134a. Уредот автоматски следи и го проверува извлекувањето, рециклирањето и новото додавање на фреон.

Моќната пумпа го олеснува манипулирањето со големи количини на разладна течност.

Двојниот вентилатор гарантира одлична контрола на температурата и постојано додавање на ладилната течност  дозирано, со што се оневозможува прегревање на внатрешните компоненти.

GBB Скопје, партнер на BOSCH Equipment за Македонија

GBB Скопје – е овластен партнер на BOSCH за сервисната и дијагностичка опрема во Македонија.