
0
одржани тренинзи
0
тренери експерти
0
студенти
0
задоволни клиенти
Нашите настани за вмрежување (networking)
Членство во група
На стартот се зачленувате во посебна networking група. Со ограничен број членови кои учествуваат на состаноците.
Состаноци
Секоја недела се одржуваат состаноци на групата (најмалку 30 во годината). Во два термини – со појадок (09:00-10:30) или со бранч (12:00-13:30)
Најдете нови партнери
Состаноците се одличен начин да најдете нови познаници, клиенти и партнери. Ќе ви помогнеме во тоа
Oбука и дружење
Секој состанок почнува со кратка презентација, работилница или обука, по што следува неформален дел на дружење и вмрежување.
Ексклузивност
Во секоја група членуваат луѓе од различни индустрии. Вие сте единствениот во вашата група од вашата дејност
Бесплатна реклама
Покрај директното дружење, за вашата компанија ќе дознаат и сите членови на групите преку реклама во редовните newsletter-и
Зошто "networking"?
Во секој бизнис, контактите се најважната работа. На нашите настани ќе се сретнете, запознаете и поврзете со професионалци од многу области и делови од градот.
На настаните, со добра храна и опуштена атмосфера ќе размените податоци, искуства, ќе се зближите (бидејќи групите се состануваат секоја недела), ќе можете да ја презентирате вашата специјалност, фирма или услуга. Дополнително, ќе добивате и бесплатни реклами во нашите newsletter-и, веб страна, социјални мрежи…
Во вашата група, нема да имате други членови од вашата дејност, што ве прави ексклузивен член на нашата GBB група.
Патем секој состанок ќе се обработува и некоја нова тема од бизнисот, ќе имаме кратки работни презентации, работилници, тренинзи. Искористете ја можноста во целост!
