- јануари 4, 2023
- Постирано од: admin
- Категорија: Тренинг центар

Кон крајот на минатата, 2022 година, GBB Group во соработка со D.R.Gilbert Group од Р. Србија го организираше првиот еднодневен тренинг под работно име – “Kaко да работите (продавате) во време на сериозни предизвици (кризи)”.
На тренингот присуствуваа и претставници од повеќе експозитури на компанијата Флекс Кредит.
Со особено задоволство ја примивме, прочитавме и со вас споделуваме препораката од г-ѓа Лилјана Бојковска – Менаџер за човечки ресурси во Флекс кредит :
-“Прекрасна организација и феноменален предавач, професионалност на највисоко ниво.
Понесовме со себе неповторливи искуства кои ќе ги имплементираме во нашите работни процеси. Обуката не само што ги исполни нашите очекувања, туку со сигурност можам да потврдам дека ги надмина. “
Благодариме на довербата и се надеваме на понатамошна соработка со членовите на Вашиот тим.
