- ноември 27, 2022
- Постирано од: admin
- Категорија: Тренинг центар

GBB Group, на 25.11.2022 година, го одржа својот прв отворен тренинг за “меки вештини” во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје.
Бизнис тренингот со назив – “Како да работите и продавате во време на предизвици (кризи)” го водеше еден од најактивните бизнис тренери во регионот, Драгиша Ристовски, основач и директор на компанијата D.R.Gilbert Group од Србија.

Тренерот, кој е истовремено и автор на 22 бизнис книги, уште еднаш, на маестрален, динамичен и забавен начин, им ја пренесе целата своја енергија на пријавените кандидати, и притоа сподели голем дел од своето знаење, вештини и искуство на присутните.
- Како да ги лоцирате, и успешно да им пристапите на клиентите во време на криза.
- Како да разговарате со своите потенцијални и реални клиенти, како да ја почнете водите и затворите продажбата. Како да ги избегнете одбивањата или поплаките на клиентите.
- Како да се прилагодите на нивните лични афинитети, очекувања и потреби.
- Дел од техниките за менаџирање на клиентите, како дел од авторскиот концепт наречен – Алгоритам на влијанија.
- Како да изградите сопствен бренд во продажбата.
- Како да изградите поголема и поквалитетна база на клиенти.
Ова беа само дел од темите на кои тренерот Ристовски ги даваше своите мислења, идеи, предлози и техники, држејќи ги кандидатите во континуиран фокус и позитивна тензија.

На крајот од тренингот, беше евидентно воодушевувањето на кандидатите кои тој петок го поминаа во еден поинаков, позабавен и надвор од сите стереотипи семинар, кој многу ќе им помогне во секојдневната работа.
До следниот тренинг… до следното видување.
