Полначи за струја – LEKTRICO

“Еколошки решенија ги трансформираме во нешто интересно и модерно ”
svik_contextual_2
LEKTRICO
Модерни полначи за струја

Поле на примена за полначите LEKTRICO

Дома

Инсталирајте уред за полнење на струја за вашиот автомобил дома и не грижете се за автономијата на вашата батерија или малиот број на полначи поставени на јавни места.

Приватни паркинзи

Приватните паркинзи и катни гаражи, со полначи за струја дополнително ќе ги привлечат клиентите со електрични возила, ќе го зголемат времето на задржување, а може и да го наплатат полнењето.

Трговски центри

Инсталирајте полначи за струја во вашиот трговски центар, привлечете специјална клиентела, зголемете го нивното задоволство, задржете ги повеќе во вашиот центар…

Државни институции

Со поставување на полначите, како јавна фирма или институција покажувате дека се грижите за воздухот, околината, здравјето и за вашите сограѓани.

Хотели и ресторани

Туристите и деловните патници кои управуваат возило на електрична енергија, во нашата земја со неразвиена инфраструктура за полнење, сигурно ќе го изберат вашиот хотел или ресторан.

Возни паркови

Ако го направивте првиот чекор и флотата на бензински и дизел автомобили ја заменивте со електрични возила, следниот логичен чекор е да поставите полначи за вашата флота.


Зошто LEKTRICO?

Прогресот на еколошките, електрични автомобили во нашата земја сериозно заостанува зад прогресот во другите земји. LEKTRICO со своите едноставни, квалитетни и модерни полначи на струја настојува да влијае на развој на инфраструктурата (мрежата) на полначи и да го забрза развојот на оваа технологија.

Полначите Тип 2 на LEKTRICO се идеални за вашиот дом, компанија, институција, дилерство…

Домашни полначи

Инсталирајте едно од расположливите решенија на LEKTRICO за индивидуална употреба и од удобноста на вашиот дом и гаража, брзо, ефтино и безгрижно полнете ја батеријата на вашиот автомобил со полначите Тип 2. 

Полначите на LEKTRICO се произведени во Романија, Европска Унија.

Полначи за Вашиот бизнис

Државните институции и приватни компании (трговски центри, хотели, ресторани, приватни паркинзи, катни гаражи, бензински пумпи…) имаат можност да се издвојат во џунглата, стекнат конкурентски предности и привлечат нови, модерни и еколошки свесни клиенти. Дополнително, полнењето на струја може да биде и дополнителен извор на средства за овие организации.

Ако пак имате компанија во која планирате да набавите флота на електрични возила (со која ќе ги замените бензинските и дизел автомобили), полначите на LEКTRIСO се идеално логистичко решение за вашиот возен парк.

И модерните дилерства и сервиси, кои ги промовираат и продаваат електричните автомобили се идеално место за модните технолошки решенија на LEKTRICO.

 

 

Модерни во секој поглед

Функцијата (полнење на батериите на електричните автомобили) е секако најважна.

Но во LEKTRICO, функцијата оди чекор до чекор со модерниот дизајн. На елегантниот панел во црна боја (кој може да се фиксира за ѕидот или на посебен стобен држач), се менува бојата на стилскиот “плус”. Зелена боја – слободно, Сина – конектирано, Бела – се полни, Виолетова – потребно е одобрување, Црвена – грешка.

 

Капацитет на полначите

Во палетата на LEKTRICO, можете да изберете полначи со капацитет од 7,4 kw (Lektri.co), 22 kw (Joy 2.0), 43 kw (Ava 2.0), 50 kw (One).

За повеќе информации и консултации со кои би го избрале најдоброто решение, Ви стоиме на комплетно располагање.

 

Контактирајте не за повеќе информации, состанок или понуда