Препорачан вулканизерски сет од OMCN

OMCN е еден од најпознатите производители на сервисна опрема од Италија со богата палета на – двостолбни дигалки, дигалки ножици, платформи за кревање, преси, опрема за миење на резервни делови…

Една од најзначајните линии во палетата на OMCN се и производите за вулканизерски сервиси – демонтерки, балансерки, опрема за подесување геометрија на тркалата (центрирање)…

Препорачаниот вулканизерски сет од OMCN

Оваа сезона, луѓето од OMCN и ГББ ви ја препорачуваат, комбинацијата на – демонтерка (Grip 22 со железна рака) и балансерката Roll 55.

GRIP 22 со железна рака

Со машината за менување гуми GRIP 22, можете да работите на пневматици со големина до 22″. Клемите за прицврстување на гумата се направени од зајакнат челик. Демонтерката има една брзина на ротација. Шасијата и платформата се зајакнати. Опремена е со вентил под притисок за пумпање на гумите со воздух. Странично, машината ја има железната рака, за универзални runflat гуми. Одлична вредност за вложените средства.

За повеќе информации, погледнете ја и видео презентацијата за продуктот GRIP 22 со Железна рака.

Балансерска – ROLL 55

ROLL 55 е една од најпродаваните балансерки од палетата на OMCN. Поседува автоматска (електронска) рака за мерење на растојанието, дијаметарот и местото за поставување на самолепливите тегови. Автоматски се мери ширината на тркалото. Автоматски се избира и активира програмата за балансирање. Опремена е и со програма за автоматско запирање. Балансирањето автоматски запира кога ќе се постигне идеалната позиција. Брз циклус на мерење до 5 секунди. Дигитален двоен дисплеј со одлична прегледност и лесни контроли. Самокалибрација и самодијагностика за машината.

Може да се набави со или без – пластичен страничен штитник (поклопец) за тркалото.

Повеќе информации во следното видео :

За понуда на препорачаниот вулканизерски сет, јавете ни се на :

Teл. 071 30 777 8

E-mail : info@gbb.mk