- декември 28, 2022
- Постирано од: admin
- BOSCH, Дијагностика

Пред новогодишните празници, го испорачавме и најновиот уред TPA300 на BOSCH во Скопје.
Новиот апарат за програмирање на сензорите за мониторинг (контрола) на притисокот во гумите (TPMS) пристигна во овластениот “Astra MS – Bosch car service” во Скопје!

Уредот TPA 300 е специјално развиен за универзалните сензори за контрола на притисокот во гумите (TPMS). Уредот покрива и може да се користи на околу 95% од возилата на пазарот.
Со него може да се програмираат преку 20 различни брендови на универзални сензори.
Преку wireless транмисија, TPMS податоците се прикажуваат директно на сопствениот екран од 2,8 инчи. Работата е лесна и едноставна а програмирањето на сензорите брзо и прецизно. Редовно се врши апдејт на софтверот и функциите, возилата и покривањето на сензорите што гарантира дека вашиот сервисот секогаш ќе биде во тек со новините и ќе обезбедува точна услуга за клиентите.

Честитки за изборот… Благодарност за довербата!
ГББ дооел Скопје е овластен увозник и дистрибутер на сервисната опрема на BOSCH за Македонија.
Повеќе информации за уредот можете да најдете на следниот линк.
Информации на тел. 071 30 777 8