Со уредот W.EASY на WABCOWURTH – можете да ги дијагностицирате дефектите на речиси сите брендови и модели на товарни возила и автобуси.
Покрај базата на податоци од речиси сите производители на комерцијални возила, камиони и автобуси, W.EASY е единствен дијагностички уред што ги интегрира и системите на WАBCO и HALDEX во едно функционално и ефикасно решение.
Базиран е на модули, па можете основниот пакет да го надградувате и кроите – согласно потребите на Вашиот сервис.
Во промотивната цена на уредот се вклучени – основниот сет на W-Easy дијагностичкиот уред со кабли, конектори и заштитна кутија, едногодишна мултибренд лиценца за дијагностицирање на камиони и автобуси, како и лиценца за системите – WABCO и HALDEX.
Цената на уредот / и софтверот во промотивниот период е 265.749 денари (4.300 евра).
Во цената не е пресметано ДДВ.