Уред за сервис на А/C – 1.950 евра!

ГББ дооел Скопје и WABCO WURTH, подготвија специјален уред / со специјална цена за нашиот пазар.

Се работи за целосно автоматската машина за сервисирање на клима уреди за патнички, товарни возила, градежна и земјоделска механизација.

Базичната верзија на уредот – WABCO WURTH Coolius A05, е произведена во Европската Унија и можете да го набавите за неповторлива цена од само 1.950 евра + ддв.

Уредот е целосно автоматизиран и може да се користи на разладната течност R134a.

Дизајнот е едноставен и лесен за користење. Вкупната тежина е 65 килограми, а резервоарот за разладна течност – 12 кг.

Овој уред, базичен во понудата на автоматски машини за сервисирање на клима уреди во палетата на WABCO WURTH е идеално скроен за пазари чувствителни на цени, како што е нашиот.

Понудата се однесува на ограничен број машини од овој тип.

Проспектот и деталите за Coolius A05, можете да ги најдете на следниот линк.