
Онлајн тренинзи за авто работници
Една од основните цели на ГББ, во автомотив секторот, е да им обезбеди на своите партнери поддршка, со која ќе ја подигнат професионалноста, безбедноста, довербата во работењето.
За таа цел, преговараме со повеќе домашни и странски компании и институции да обезбедиме висококвалитетни обуки за професионалците од авто секторот.
Први во предвидената низа на тренинзи, се онлајн тренинзите на AUTODATA. Најголемиот Британски провајдер на софтверски алатки и специјализирани онлајн курсеви.
Ако барате начин да останете во тек со најновите системи и технологии. Autodata Training е вистинското решение и вистински лидер во квалитетни онлајн тренинзи.
Прегледно, визуелно, на лап топ и таблет

Аutodata, најдобра онлајн алатка за обука
Со онлајн програмата на AUTODATA Training, можете да пристапите до стотици онлајн тренинг модули. Тренинзите ви се достапни онлајн, во секое време, а можете да учите и да се развивате на следните теми :
- Eлектрика, шасија, погон, мотори, сервисирање, дијагностика, HVAC, хибриди и електрични возила.
- од основни знаења до напредна дијагностика,
Дополнителни предности на Autodata
Со следење на наставните модули, добивате можност да си обезбедите и специјални сертификати, со вашето име и презиме, кои подоцна можете да ги искористите и во развој на вашата кариера.
По завршување на модулите, направете краток тест и ако го положите, се стекнувате со персонализиран сертификат за завршена онлајн обука на најпознатата Британска компанија AUTODATA.
АUTODATA Training е единствената база на знаења во која се внесуваат тренинг модули на речиси секоја втора недела. Со тоа содржината и тренинг часовите се секогаш свежи и со нови материјали и области.
На користење на онлајн базата на обуки, можете да се претплатите на месечно, или на годишно ниво. А месечната претплата, за услуга од ваков вид е неверојатно поволна. Можете, со претходна најава, да направите и пауза во следењето на наставата онлајн, па да се вратите по неколку месеци.
Ако работите и немате многу време во текот на денот, овој систем е идеален за вас. Можете на системот да му пристапите и навечер и за време на викендот. Тоа е предноста на онлајн наставата.