
АUTODATA – База на технички податоци за сервиси
Во времето на сериозни промени и постојани технолошки иновации во авто индустријата, на секој сервис му е неопходен пристап до проверени, квалитетни и прецизни технички информации.
Од тие причини, потпишавме договор со најголемиот Европски провајдер на технички податоци, наменети за независните сервиси кои одржуваат и сервисираат патнички, комерцијални возила и моторцикли.
Податоците на Autodata се лиценцирани од 160 производители на возила и покриваат 43.000 модели, што е околу 99% од целиот пазар на автомобили во Европа.
Autodata е создадена од механичари, за механичари… И таква секогаш ќе остане.
Прегледни и разбирливи податоци

Аutodata, најдобра онлајн алатка
Онлајн алатката на AUTODATA ќе биде вашиот најдобар асистент, ќе ви понуди илјадници податоци, графици, шеми, сервисни упатства… А таа е најдобра затоа што :
- Покрива 99% од возилата на патот
- Поседува 360,000 диаграми за инсталации
- 600,000 технички чекор-по-чекор процедури
- 40,000 апдејти се направени за возилата во последните 12 месеци
- Содржината на платформата се создава, проверува, едитира и внесува во платформата во ист формат, кој е лесен за разбирање и работа.
Дополнителни предности на Autodata
Со претплатата на Autodata, добивате база на сервисни упатства, податоци, шеми и графици… каква што имаат и овластените сервиси. Но, разликата е во тоа што вашата база ќе содржи податоци од 160 производители на возила (во една платформа, со идентичен изглед и функционалност). Вашите специјалисти ќе може лесно да ја научат програмата, полесно да ја оперираат и да заштедат многу време во својата работа.
Вашиот сервис, со користење на податоците од Autodata, ќе направи квантен скок во поглед на професионалноста. Имате точни податоци за операциите, интервалите на сервисите за одржување (кога и што треба да се менува на сервис), бројот на работни часови предвидени за секоја операција од производителот на возила, водич во сервисирањето… кој ќе ве води низ сервисот и ќе ви заштеди многу загубено време во проверки, анализи, барање непроверени податоци на интернет и сл.
Можноста да ја користите базата на Autodata доаѓа со скромна, фер, достапна за секого цена, а според нашите пресметки, со времето што ќе го заштедите за сервисните операции и кое ќе ви овозможи сервис на повеќе возила дневно, инвестицијата ќе може да ја вратите за неколку дена. Јавете ни се… и ќе ви објасниме како.
Во датабазата се прават редовни апдејти со податоци од производителите на возила. Можете да најдете податоци за воочените проблеми, грешки и дефекти и начинот како да ги решите. Тука се и познатите сервисни булетини за отповикување (recall) или повик за поправка на воочени дефекти (rework).
Ако сакате да ја имате истата алатка која ја користат овластените сервиси (точни сервисни планови, интервали со планирани операции и број на работни часови потребни за секоја интервенција на возилото) и притоа, овие податоци да ги имате за 99% од возилата на пазарот (не само за еден бренд) Autodata е вистинската алатка за вас!
Какво масло треба да употребите (со каква спецификација и вискозност), кои делови (по каталошки број и фотографија) треба да ги набавите и вградите во возилото…. се само дел од прегледните информации во вашиот онлајн Аutodata асистент.
Јасни, прецизни дијаграми и шеми за инсталациите во секое возило на пазарот ќе им помогне на вашите електричари и мајстори бро и ефикасно да го решат секој сервисен проблем.
Во вашиот интерфејс (програма) можете да го користите калкулаторот за пресметка на цената на одредена операција. Програмата автоматски ќе ги извади работните часови предвидени од производителот на возилата, предвидени за одредена операција, ќе ги помножи со цената на вашиот работен час, ќе ги додадете цените на резервните делови и материјали и – принт. Вашиот клиент добива професионално изработена понуда за неколку минути!
Фотогалерија од базата на Autodata
Кликнeте на сликите и погледнете само дел од податоците кои може да ви бидат достапни во базата на Autodata
Видео презентација за Autodata
Што мислат клиентите за Autodata
Симни ја најновата понуда за AUTODATA
Најновата понуда за Autodata симни ја на следниот линк.
