
Опрема за сервиси
ГББ дооел Скопје, воспостави соработка со најголемите Италијански компании кои произведуваат опрема за сервисни центри. Ако ви требаат – двостолбни, вградени дигалки, вулканизерска опрема (демнтерки и балансерски), опрема за подесување геометрија на тркалата, кранови, колички со алат… Ви стоиме на располагање со премиум продуктите на нашите партнери.
Покрај квалитетот, се трудиме да обезбедиме и најдобри можни цени и пакети на финансирање со нашите партнери од финансиските институции во земјата.
ГББ дооел Скопје е овластен увозник на Bosch, OMCN, Spin, Zeca, Wabco Wurth…
Безбедноста на прво место

Странските добавувачи ги имаат сите потребни сертификати за безбедно работење и се избрани од повеќе производители на возила како оригинална опрема.
Илјадници премиум артикли
Нашите добавувачи се компании со богата традиција на квалитетно и успешно работење. Во нивната палета може да се најдат илјадници артикли :
- Двостолбни дигалки,
- Вградени дигалки,
- Демонтерки,
- Балансерки,
- Опреми за подесување геометрија на тркалата,
- Преси, кранови, рачни дигалки,
- Koлектори на старо масло,
- Апарати за менување ATF,
- Колички со алат и опрема…
Нашите странски добавувачи
Во палетата на BOSCH можете да најдете врвни, премиум алатки за вашиот сервис. Тука се дијагностичките уреди (тестери) за патнички, комерцијални и товарни возила KTS, кои спарени со софтверскиот пакет ESI [Tronic] имаат решение за секој проблем. Врвните уреди за сервисирање на клима уреди, ќе ви помогнат да одговорите на сите предизвици во летниот период и остварите дополнителен приход за вашиот сервис. А тука се и софистицираните машини (стендови) за дијагностика и репарирање на дизел мотори.
Една од најголемите Италијански компании, производители на сервисна опрема. Во палетата може да се најдат – дигалки за моторцикли, патнички, товарни возила и камиони, опрема за вулканизерски сервиси, кранови, преси… Повеќе информации на следниот линк.
Италијански производител на уреди за тестирање и полнење на клима уреди на возила. Уреди за менување масло во автоматски менувачи. Широка палета, одличен квалитет и услови. Повеќе на следниот линк.
Wabco Wurth ви го нуди комплетното решение за универзална дијагностика на камиони, приколки и автобуси W-Easy, која покрај моторната дијагностика, поседува и модули за дијагностика и сервис на системите на WABCO и HALDEX. Дополнително, опремете го вашиот сервис со одличните уреди за сервисирање на клима уреди на Wabco Wurth. Повеќе на следниот линк.
USAG е еден од најпознатите брендови, производители на првокласна опрема и алат. Во палетата на алатки на USAG можете да најдете колички за алат, раќен и пневматски алат, специјални машини, мобилни дигалки за возила и слично.