
Консултантски услуги
Името на нашата компанија – GBB, доаѓа од првите букви на зборовите Good Better Best.Тоа е и нашето мото во работата.
Заедно со вас, да ја развиваме вашата организација, процеси, системи и луѓе од добри до најдобри во својата дејност. На тој пат ќе ви помогнат нашите експерти од повеќе области кои ќе ви помогнат :
- да ја согледате ситуацијата во вашата организација реално,
- да ги освежиме вашите визија, мисија и вредности,
- да направиме акциски план со точно дефинирани цели и термин планови,
- да се движиме заедно кон нашите цели.
Eкспертите на GBB ќе ви помогнат да ја освежите и унапредите вашата организација, системи, алатки и луѓе.
малку статистика
Кои се вашите стратешки цели? Дали вашата организација ги остварува зацртаните цели?.
бизнис планирање и стратегија
Ако ја стартувате вашата компанија или сте во фаза во која не сте сигурни во која насока да ги насочите вашите ресурси (пари, време, луѓе) за да го остварите посакуваниот развој на вашата компанија, ви стоиме на комплетно располагање за изготвување :
- анализа на пазарот,
- јасна стратегија за настап,
- креирање конкурентски предности за вашата организација, производи и услуги,
- годишни бизнис планови (на ниво на компанијата и секторите),
- поставување на клучни параметри за следење на перформансите (KPI’s),
- други активности на патот до успехот
специјални консултантски проекти
Во овие тешки времиња, бројот на потенцијални клиенти е се’ помал. Клиентите се целосно информирани и бараат многу повеќе од своите добавувачи, а вие не смеете да испуштите ниту еден потенцијален купувач и партнер. Дозволете да ви помогнеме да изградите специјален систем за менаџирање на контактите, базата на клиенти, активностите на вашите вработени, секојдневно следење на трендовите во вашиот бизнис. Преку низа на хардверски и софтверски решенија прилагодени на вашите потреби и буџет.
И самите знаете дека продажбата е главниот дел од вашата организација. Од успехот на вашите продавачи, продажни процедури, алатки и тактики зависи успехот на вашата организација. Ние сме тука да ви помогнеме во процесот – од анализа на состојбата, кадарот, процедурите, до заедничкото наоѓање на нови методи кои ќе ви донесат подобри резултати.
Ако сакате да воведете нов проект во компанијата, нашите консултанти ќе ви помогнат во разработка на истиот. Од анализа на пазарот и потенцијалот, до потребните ресурси и капацитети, подготовка на менаџерскиот и оперативен кадар, соработка и презентација пред странски партнери, планирање и спроведување.
сите услуги на едно место
Она што не прави поинакви од другите, е што сите активности во развојот на вашата компанија може да ги координирате и завршите со нас.
GBB може да ви понуди :
- консултантски услуги, советување и заедничко водење на проекти,
- обуки за тренинг и унапредување на вашите вработени,
- анализа на секторите и луѓето и темелни акциски планови за нивно подобрување,
- мистери шопинг,
- маркетинг стратегии, дизајн и медиа закупи, согласно вашите можности и планови за настап.
И сите овие работи ќе ги изработиме во блиска соработка со вас и со целосна заштита на приватноста и податоците од чувствителна природа.