
Дијагностичка опрема
Професионалните дијагностички инструменти со докажана традиција, репутација и редовни обновувања (апдејти) се основна алатка на професионалните сервисни центри и работилници. Со нив, искусните професионалци брзо, лесно и прецизно ќе го лоцираат дефектот на возилото. Со тоа ќе можат да заштедат време, но и да ја остварат основната цел и очекувања на клиентите – Да го поправат проблемот од прв пат.
ГББ дооел Скопје – е официјален увозник на дијагностичките инструменти на BOSCH и WABCO WURTH.
Универзална дијагностика

Хардвер & софтвер
Во понудата на ГББ дооел Скопје, можете да ги најдете најпознатите премиум дијагностички уреди :
- BOSCH KTS — универзална мулти бренд дијагностика,
- BOSCH KTS Truck – Универзална мулти бренд дијагностика за камиони
- WABCO WURTH – дијагностика за товарни возила, камиони и автобуси
Уредите се поддржани од софтверски пакети кои редовно се обновуваат со најновите информации од производителите на возила.
Странски добавувачи на дијагностичка опрема
Најголемиот производител на автомобилски системи и технологија од Германија. На своите клиенти им нуди дијагностички инструменти од семејството KTS со софтверска поддршка за сите видови и марки на возила, како и уредите за дијагностика и сервис на клима уреди. Повеќе за опремата на BOSCH, на следниот линк.
Во понудата на Wabco Wurth можете да го најдете дијагностичкиот уред за товарни возила, камиони и автобуси W.Easy со целосна софтверска поддршка. Во софтверскиот пакет може да се изберат и оригинални податоци за дијагностика на системите – Wabco, Haldex. Повеќе за уредот на следниот линк.