
Tec Doc
Tec Doc е најдобриот и најупотребуваниот онлајн каталог за резервни делови во светот. Го користат сите автоексперти – сервисери, механичари и вработени во специјализираните бизниси за резервни делови – дистрибутери и продавници за делови. Со Tec Doc можете брзо, ефикасно и прецизно да ги најдете оригиналните каталошки броеви на резервните делови со кои полесно и побрзо ќе ги услужите вашите клиенти.
Во Tec Doc ќе ја најдете најголемата датабаза – прибрана и систематизирана од 700 производители на резервни делови, со повеќе од 7 милиони каталошки броеви и резервни делови, со покриени – 60.000 патнички возила, 40.000 комерцијални возила… Датабаза која континуирано се зголемува и обновува.
Со бројните филтри и опции, најлесно и најбрзо ќе дојдете до оригиналниот каталошки број што ви треба. Пребарување по марка и модел на возило, број на шасија, име на делот што ви треба, каталошки број на делот… Бројни интуитивни опции, слики, графици и шеми со кои брзо ќе стигнете до бараната информација.
ГББ дооел Скопје – е официјален дистрибутер на Tec Doc во Македонија.
Со најнови информации

Оригинални каталошки броеви
Со Tec Doc, на секое продажно место брзо и ефикасно ќе ги пронајдете сите оригинални делови за возилото, по оригинални каталошки броеви (на производителите на делови), а во голем број случаи и по оригиналните каталошки броеви на производителите на возила.
Податоците се збогтени и со технички цртежи, информации, димензии и видео материјали, со кои се овозможува да ги пронајдете вистинските делови – од прва.
Прегледно и лесно за користење

Онлајн решение
Со претплата на Tec Doc – добивате линк, корисничко име (username) и лозинка (password) со кои директно се логирате на веб решението на најдобриот каталог за резервни делови. Каталогот е секогаш свеж, апдејтиран и наполнет со најнови информации – за најновите возила на пазарот.
Корисничкиот профил останува на важност – 12 месеци од денот на регистрација.
До потребните каталошки броеви и технички податоци за резервните делови можете да дојдете преку неколку критериуми (филтри) на пребарување :
- Производителот на возила
- Моделот на возило
- VIN број (Број на шасија)
- ОЕМ број
- Бројот на производителот на делот
- Број на моторот
Вашиот Tec Doc каталог можете да го користите на повеќе јазици, како што се – англиски, германски, италијански, српски, хрватски…
Фрлете ги старите пиратски цд-а, деинсталирајте го пиратскиот софтвер од хард дискот на вашиот компјутер. Се што ви треба е онлајн браусер и интернет.
Со вашите username и password, имате пристап до сите најнови информации за оригиналните резервни делови на пазарот.
Порачај претплата на Tec Doc
ден 10,900.00 ден 9,810.00
12 месечна претплата на најдобриот онлајн каталог за резервни делови.
Теc Doc е најпознатиот каталог за резервни делови на светот. Најновата верзија на Tec Doc се користи онлајн (на интернет) и е секогаш апдејтирана со најнови податоци кои се доставуваат од производителите на возила и на резервни делови.
Со Tec Doc можете лесно, брзо и прецизно да ги најдете каталошките броеви на сите резервни делови за возила. Пребарувањето се прави со повеќе филтри (производител на возила, модел, технички спецификации…) а резултатите од пребарувањето доаѓаат заедно со технички податоци, графици и слики кои ќе ви помогнат да избегнете грешки во пребарувањето.