Успешно реализирана првата обука на BOSCH во Скопје

Компанијата ГББ дооел Скопје, овластен партнер на BOSCH за продажба на сервисната опрема (дијагностички инструменти, опрема за сервисирање на клима уреди, опрема за акумулатори, oпрема за тестирање и поправка на инјектори, опрема за калибрирање на напредни безбедносни системи…) и спроведување на специјалистички авто тренинзи, ја реализираше дводневната обука на BOSCH за дијагностицирање на модерните автомобили во Македонија.

Обуката се одржа во два тренинг дена (18-19.10.2022) во новиот Bosch Car Service – AСТРА МС во населбата Бутел во Скопје и претставуваше комбинација на теоретски и практичен дел, во кој учесниците имаат можност да решаваат реални проблеми.

Тренингот го спроведе сертифициран и овластен тренер на BOSCH кој по завршувањето им подели и меѓународно признати сертификати на учесниците во обуката од нашата земја.

Интересот за обуката во Македонија беше огромен, а листата на кандидати затворена 10-на дена пред официјалното одржување на истата.

– “Ова е уште една потврда дека нашите сервисери, механичари и електроничари сакаат да учат и да останат во тек со најновите трендови во автомобилската индустрија.” – изјави м-р Зоран Дочински, генерален директор на ГББ. “- Преку стратешката соработка со Германскиот супербренд BOSCH, се обидуваме да им помогнеме на нашите авто експерти, кои во недостаток на тренинзи од овој тип дома, мораат да патуваат надвор од државата и притоа да направат неколкукратно поголеми трошоци за патување и сместување, како и подолго време да отсуствуваат од своите работни места. По овој тренинг, заедно со нашите партнери од BOSCH ќе идентификуваме уште неколку области во авто индустријата за кои постои интерес во нашата земја. Ќе направиме комбинации на онлајн и тренинзи во живо со кои на нашите соработници на пазарот, во ова време на динамични промени во авто индустријата ќе им го понудиме клучното знаење и експертиза без кои станува екстремно тешко да се одржуваат и сервисираат модерните возила. “

Во меѓувреме, од ГББ подготвуваат нови, интересни понуди за опремата на BOSCH, како и атрактивни пакети за финансирање, преку кои сервисите ќе можат да користат врвна, премиум опрема, по достапни цени и услови на купување.