Активна комуникација. Тренинг за “call” центриТренинг за оператори во кол центри

Од умешноста на операторите во овие контакт центри или центри за нега на клиентите, за : справување со приговори, ефективно решавање на проблеми, менаџирање на “тешки” клиенти, зависи успешноста на компанијата.
програма
Во специјалната тренинг програма која е составена од фрагменти на лиценцираната програма – Како да обезбедите врвна услуга за вашите клиенти со Лиса Форд, како и од нашата специјално креирана програма вашите оператори ќе научат:
- Што е врвна услуга и зошто е таа важна:
Веќе не е доволно само да ги исполните очекувањата на клиентите. Морате истите и да ги надминете. Колку е значајно да ги задржите вашите постоечки клиенти. Колку е значајно од клиентите да обезбедите фид бек. Мерење на задоволството и како до него. Рапортирање до претпоставените менаџери. - Активно слушање:
Како да се справите со приговори и поплаки. Како активно да слушате. Вештини на комуникацијата. Важноста на насмевката - Други вештини:
Како да се справите со лути клиенти. Како да закажете состанок. Како да спроведете телефонска акција или кампања. Како да задржите позитивен став. Како да бидет ѕвезда на услугата.
за кого е тренингот
Тренингот е наменет за сите професионалци кои ја градат (или сакаат) да ја градат својата кариера во центрите за комуникација (call centres) или во центрите за нега на клиентите.
за компании
Ако сте менаџер и бизнис лидер, вашите продавачи можете да ги пријавите на некој од отворените тренинзи, на кои се обработуваат универзалните стандарди во телефонската комуникација, со примери од повеќе индустрии.
Доколку имате услови и доволен број на студенти, тренингот може да се организира и in-house, во вашата компанија (или на локација обезбедена и избрана од ваша / или наша страна).
Без оглед на изборот, ви гарантираме дополнителна мотивација на вашите вработени и изработени акциски планови кои ќе ги зголемат вашите продажни резултати.
Вашите вработени ќе следат 8 часовна интерактивна програма, во која ќе ги добијат :
- Најновите знаења и вештини во дејноста,
- Работни тетратки за активно следење на програмата и освежување на знаењата,
- Дополнителни материјали за читање,
- Работилници,
- Корисни алатки за подобра организација и систематизација на работата,
- Пристап до интернет портал за континуирано учење и усовршување,