BOSCH Oбуки и тренинзи од автоиндустријата

BOSCH Oбуки и тренинзи од автоиндустријата

Обуките на BOSCH ги едуцираат механичарите и техничкиот персонал да ги лоцира проблемите и да направат прецизна дијагностика и поправка на возилата на поефикасен начин, со цел да се подигне продуктивноста и да се намали времето на чекање за клиентите.

ГББ дооел Скопје, како партнер на BOSCH за Македонија, ги организира специјалните тренинзи од областа на авто индустријата. Тренинзите ги спроведуваат врвни експерти на BOSCH со долгогодишно искуство во работата и едуцирањето (тренирањето) на технички персонал.

Обуките на BOSCH во живо, и онлајн

Предностите на обуките BOSCH

Со обуките кои ќе се организираат во Скопје, а дел од нив може да се спроведат и онлајн добивате :

  • Основни, средни или напредни нивоа на тренинзи.
  • Високо професионални, експерти од индустријата и технички тренери.
  • Совршен баланс на обуки во училница и во работилница.
  • Обуки во Скопје.

Дополнителни предности на Bosch Тренинзите

Обуките ги спроведуваат лиценцирани тренери кои ќе го пренесат своето знаење и искуство на најдобар можен начин.

Стекнатата диплома ќе ви помогне во вашиот сервис, за докажување на вашата квалификуваност кон клиентите, но и во вашиот личен кариерен развој.

Богата е листата на обуки и тренинзи кои ќе бидат спроведувани во Македонија во соработка со експертите на BOSCH.

Меѓу нив ќе бидат организирани тренинзи за

  • дијагностика на патнички моторни возила
  • дијагностика на комерцијални возила и автобуси
  • обука за системите за сопирање
  • анализа, дијагностика и сервис на дизел системи…

Бројот на студенти е крајно ограничен. Затоа навреме резервирајте ги вашите тренинзи.

Ви требаат информации, презентација или состанок?