Стратешки менаџер и лидер. Тренинг програма за менаџерименаџмент тренинзи

Присуството на тренингот ќе ви овозможи и да се запознаете со други професионалци во вашата професија (да се вмрежите), од вашата и од други индустрии.
програма
Тренинг програмата за менаџери на продажбата ќе ви помогне да ги осознаете основните карактеристики на менаџментот, како и да ви даде конкретни насоки – како да ја организирате вашата работа како менаџер на продажбата:
- Основи на директната продажба:
Што е директна продажба. Кои се основните карактеристики на модерната (консултативна) наместо традиционалната продажба. - Основи на менаџментот:
Што е менаџментот и кои се неговите основни функции. - Oсновни функции на менаџерот за продажба:
Како да ја испланирате продажбата? Како да ги остварите вашите цели и стратегија за нивно остварување. Како да го составите вашиот продажен тим? Како да ги развивате и мотивирате вашите продавачи?
за кого е тренингот
Тренингот е наменет за сите професионални менаџери и лидери, како и за оние кои сакаат или се подготвуваат за овој предизвик. Конкретно, во тренингот може да се пронајдат :
- Менаџери. За подобро разбирање на процесот и подобро водење на своите продажни тимови,
- Луѓе кои сакаат да ја градат својата кариера во менаџментот. Да се подготват за менаџерска улога во својата фирма…
опции за компании
Вашите менаџери можете да ги пријавите на некој од отворените тренинзи, на кои се обработуваат универзалните стандарди во менаџментот и лидерството, со примери од повеќе индустрии.
Доколку имате услови и доволен број на студенти, тренингот може да се организира и in-house, во вашата компанија (или на локација обезбедена и избрана од ваша / или наша страна).
Без оглед на изборот, ви гарантираме дополнителна мотивација на вашите менаџери и изработени акциски планови кои ќе ги зголемат вашите резултати.
Вашите вработени ќе следат 12 часовна интерактивна програма, во која ќе ги добијат :
- Најновите знаења и вештини во дејноста,
- Работни тетратки за активно следење на програмата и освежување на знаењата,
- Дополнителни материјали за читање,
- Работилници,
- Корисни алатки за подобра организација и систематизација на работата,
- Пристап до интернет портал за континуирано учење и усовршување,