Eфективен бизнис лидер

За нашите партнери, менаџери и лидери, изготвивме специјална едногодишна тренинг програма со името :

ефективен бизнис лидер

Програмата е организирана во 12 поглавја, кои се разработуваат на квартално ниво – со 4 еднодневни состаноци во годината.

Секој квартал се разработуваат 3 теми клучни за ефективното работење на пријавените менаџери (лидери).

На состаноците изучуваме нова практична вештина од областа на менаџментот и лидерството, која ќе ви помогне во вашиот долгорочен стратешки развој, но и во секојдневната, практична работа.

Дополнително, на нашите тримесечни состаноци ќе имате можност да се сретнете, запознаете и разменувате искуства со други лидери во вашата или во друга индустрија.

Теми на обработка

Специјално дизајнираната програма – Ефективен бизнис лидер, обработува теми од сферата на клучните вештини на секој лидер:

 

  • Креирање визија и стратегија,
  • Мобилизирање и мотивација на вработените,
  • Соработка со партнери, добавувачи и клиенти,
  • Создавање база на лојални клиенти, преку создавање култура на врвна услуга за клиентите,
  • Остварување на резултати,
  • Промовирање и стимулирање на промени,
  • Влијание,
  • Интегритет и респект.

Долгорочна интерактивна програма

Нашата специјално креирана 12 месечна програма – Ефективен бизнис лидер, преку интерактивни предавања, работилници и ексклузивни видео материјали од нашите експерти во земјата и странство, ќе ги освежи вашите знаења, ќе ве инспирира со најновите знаења и практики од деловниот свет и ќе ви помогне да ги поставите и остварите вашите цели. Притоа, имајќи тотален респект за вашето време како менаџери, нашите тренинзи ќе ви одземат само по 4 часа месечно.

Ориентирани кон резултатите

Нашата цел е да ги поставите и остварите вашите нови цели како менаџери и лидери. Да се издигнете на скалата на лидерството и да стигнете до врвот, до петтото ниво на лидерстви. Секој состанок го завршуваме со акциски план и цели, за секој од нашите лидери, кој ќе ве инспирира да ги пробате научените вештини и да го следите нивниот ефект.

Уникатна можност за вмрежување

Искористете ја можноста и учеството на нашата тренинг програма да се запознаете и поврзете со голем број на други влијателни професионалци, менаџери и лидери кои може да ви отворат нови врати и хоризонти во вашата сегашна и идна кариера.