Ефективен продажен менаџер. Тренинг за менаџери на продажбаТренинг програма за менаџери на продажбата

Highly professional detectives of National Transportation Safety Board gathered together at investigation board and making assumptions about possible reasons of air crash
Како да ги поставите процесите, изберете и мотивирате луѓето, поставите и остварите целите во продажбата...

Овие и многу други детали, ќе го дознаете на новиот тренинг за продажни менаџери на GBB. Интерактивна програма, работилници и практични примери. Акциски план и модерни алатки за следење на продажбата и клучните параметри KPI

програма

Тренинг програмата за менаџери на продажбата ќе ви помогне да ги осознаете основните карактеристики на менаџментот, како и да ви даде конкретни насоки – како да ја организирате вашата работа како менаџер на продажбата:

  • Основи на директната продажба:
    Што е директна продажба. Кои се основните карактеристики на модерната (консултативна) наместо традиционалната продажба.
  • Основи на менаџментот:
    Што е менаџментот и кои се неговите основни функции.
  • Oсновни функции на менаџерот за продажба:
    Како да ја испланирате продажбата? Како да ги остварите вашите цели и стратегија за нивно остварување. Како да го составите вашиот продажен тим? Како да ги развивате и мотивирате вашите продавачи?

за кого?

Тренингот е наменет за сите менаџери на продажба, како и за оние кои сакаат да бидат унапредени на оваа позиција. Конкретно идеални кандидати за оваа програма се  :

  • Продажни менаџери.  За освежување и проширување на знаењата и вештините,
  • Продавачи. Кои сакаат или се подготвуваат за кариерен напредок – во продажни менаџери,

за компании

Ако сте менаџер и бизнис лидер, вашите менаџери на продажба ожете да ги пријавите на некој од отворените тренинзи, на кои се обработуваат универзалните стандарди во продажниот менаџмент, со примери од повеќе индустрии.

Доколку имате услови и доволен број на студенти, тренингот може да се организира и in-house, во вашата компанија (или на локација обезбедена и избрана од ваша / или наша страна).

Без оглед на изборот, ви гарантираме дополнителна мотивација на вашите менаџери и изработени акциски планови кои ќе ги зголемат вашите продажни резултати.

Вашите менаџери ќе следат 6 часовна интерактивна програма, во која ќе ги добијат :

  • Најновите знаења и вештини во дејноста,
  • Работни тетратки за активно следење на програмата и освежување на знаењата,
  • Дополнителни материјали за читање,
  • Работилници,
  • Корисни алатки за подобра организација и систематизација на работата,
  • Пристап до интернет портал за континуирано учење и усовршување,
како можеме да помогнеме?

Контактирајте не на нашиот е-mail или телефонски број

Прекрасна организација и феноменален предавач, професионалност на највисоко ниво. Понесовме со себе неповторливи искуства кои ќе ги имплементираме во нашите работни процеси. Обуката ги надмина нашите очекувања.

Лилјана Бојковска
Менаџер за човечки ресурси, Флекс Кредит

Ви требаат повеќе информации или сакате да се пријавите на тренинг?