Продавај како шампион. Тренинг програма за продавачи

Секој менаџер и бизнис лидер, добро знае дека продажбата е најважниот процес во компанијата.

Денес не е доволно да имате врвен производ или услуга. Ако ги немате вештите продавачи, кои добро ќе ја владеат својата работа, организирано и структуирано ќе комуницираат со клиентите, ќе прават шампионски презентации и ќе ги затвораат продажбите, вашата компанија ќе остане без промет, прилив на средства, без бизнис…

Притоа, заедно со економијата, се менуваат и правилата, стандардите и техниките на продажба. Фокусот на вниманието се менува и преоѓа од компанијата, производот и услугата, на клиентите. Продавачите повеќе не ги продаваат своите “фантастични” производи и услуги, по “фантастична” цена тие ја продаваат фантастичната употребна вредност на своите производи и услуги.

Ако не ги следите овие трендови, го ризикувате опстанокот на вашата фирма.

Токму затоа, големите компании не ги штедат своите средства и континуирано инвестираат во развој на своите луѓе преку тренинзи, работилници, семинари.

тренинг програма

Нашата тренинг програма е насочена кон професионалците кои работат во директна продажба. Кои остваруваат директен контакт со своите клиенти, прават лична презентација и имаат задача да ја затворат продажбата. Програмата е стуктуирана во модули, на кои ги изучуваме следните теми.

  • Основи на продажбата :
    Бизнис еволуција од традиционалната (трансакциона) кон модерната (консултативна) продажба. Разработка на основните модели и правила на директната продажба. AIDA модел. Парето модел.
  • Структурирана продажба:
    Кои се основните чекори (стандарди) во директната продажба. Каде да ги најдете и како да им пристапите на вашите клиенти? Како да ги презентирате своите производи и услуги? Kако да надминете примедби? Како да ја заклучите продажбата?
  • Oрганизирајте се:
    Како да го организирате своето време и енергија? Создадете сопствен акциски план. Предвидете и остварете ја вашата лична заработка (продажна провизија).
  • Преговарање:
    Како да преговарате, а да избегнете стратегија на континуирано намалување на цената. Како да создадете ситуации на двојно задоволство (Win-Win)?
  • Создавање култура на врвно задоволство на клиентите:
    Повеќе не е доволно да ги остварите очекувањата на клиентите. Сега е неопходно да ги надминете истите. Да ги воодушевите вашите купувачи. А потоа да ги ожнеете плодовите на вашиот настап – зголемен промет, продажба, профит, повисоко ниво на ретенција (задржани клиенти).
  • Аквизиција на нови купувачи:
    Чувајте ги вашите постоечки, а барајте нови купувачи. Како и каде да ги најдете, да закажете состанок, направите шампионска презентација, да ги превземете од базата на вашите конкуренти.
  • Дополнителни начини за зголемување на продажбата:
    Up-selling, Cross-selling
  • Корисни алатки за подобрување на продажбата:
    CRM, социјални и бизнис мрежи, newsletter-и, networking…

За кого е тренингот

Тренингот е наменет за сите професионалци кои ја градат (или сакаат) да ја градат својата кариера во директната продажба, а може да им користи и на менаџерите за да го осознаат процесот и подобро водат своите продавачи и продажни тимови. Конкретно, во тренингот може да се пронајдат :

  • Продавачи.  За освежување и проширување на знаењата и вештините,
  • Менаџери. За подобро разбирање на процесот и подобро водење на своите продажни тимови,
  • Луѓе кои сакаат да ја градат својата кариера во продажбата. Да остварат високи лични примања од личниот доход и провизијата од продажба…

Oпции за компании

Ако сте менаџер и бизнис лидер, вашите продавачи можете да ги пријавите на некој од отворените тренинзи, на кои се обработуваат универзалните стандарди во продажбата, со примери од повеќе индустрии.

Доколку имате услови и доволен број на студенти, тренингот може да се организира и in-house, во вашата компанија (или на локација обезбедена и избрана од ваша / или наша страна).

Без оглед на изборот, ви гарантираме дополнителна мотивација на вашите вработени и изработени акциски планови кои ќе ги зголемат вашите продажни резултати.

Вашите вработени ќе следат 8 часовна интерактивна програма, во која ќе ги добијат :

  • Најновите знаења и вештини во дејноста,
  • Работни тетратки за активно следење на програмата и освежување на знаењата,
  • Дополнителни материјали за читање,
  • Работилници,
  • Корисни алатки за подобра организација и систематизација на работата,
  • Пристап до интернет портал за континуирано учење и усовршување,